ЦУК: 25 пожари во државата, се уште гори во Горно Лисиче и кај Крива Паланка

Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде е зафатена депонија.
Пожарот над село Зелениково, во Општина Зелениково, е ставен под контрола. Таму гореле шума и ниска вегетација.
Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати пожари и во повеќе скопски општини, меѓу кои Гази Баба, Ѓорче Петров, Сопиште, Арачиново, Студеничани и Карпош.
Пожари имало и во Новаци, Долнени, Прилеп, Чашка, Велес, Росоман, Струга, Липково, Врапчиште, Желино, Гостивар и Делчево. Најчесто горела ниска вегетација, но во дел од случаите биле зафатени и шума, дрвја, отпад и депонии.
Од ЦУК информираат дека состојбата со пожарите на отворен простор се следи, а надлежните служби интервенираат според потребите, објави Скопје1.мк






