Д-р Даниловски: За да го намалиме бројот на заразени неопходни се поригорозни мерки

Кризната состојба само ќе ни купи време за да обезбедиме капацитети за болните, за да ја ставиме епидемиолошката крива под контрола и да го намалиме бројот на заразени неопходни се поригорозни мерки.
Ова е став на доктор Драган Данаиловски за Канал 5. Тој смета дека мора да има викенд мерки, оценува и дека е добр што се вклучија приватните здравствени установи.
Даниловски вели дека со ова темпо за три месеци ќе има колективен имунитет. Тој смета дека здравствениот систем не смее да застане за другите болни.






