Да оладиме

Заев добива меѓународни награди за меѓународни успеси. Како ли дома не ја покажа таа храброст и визија за која го наградуваат? Барем дел од таа решителност за надвор да ја покажеше тука, за да направи коренита промена на системот. Да го смени начинот на владеење базиран на партиски привилегии и кумашински врски. Тоа би било револуционерна промена. Оти, квалитетот на живот не ми зависи од глупостите на Каракачанов и на Захариева. Животот веќе 30 години ни зависи од партиски апаратчици и нивните размазени деца. Утре, кога ќе излегуваме на избори, нема да гласаме за тоа што кажал Заев за бугарски медиум, туку што направил дома.

Па ако веќе мораме да правиме пауза од бркањето датуми поставени од Брисел, тогаш Заев барем нека ги искористи сите тие што досега напорно работеа за ЕУ, да работат за примена на европските правила дома. И нека ја стегне малку тоа администрацијата што готви онлајн од дома, да поработи и за општо добро. Ако не можеме ние да одиме во ЕУ, тогаш нека ја донесе ЕУ тука. Ама, да видиме дека нешто се движи. Дека има промени. Дека не се сите исти.

Не ме интересира веќе што има да каже секој фрустриран историчар од Софија. Ме интересира дали воздухот ќе биде чист. Дали законот ќе важи за секого неселективно, од сообраќајни прекршоци до организиран криминал. Дали урбанистичките планови не се корумпирани и обезбедуваат хумано живеење. Дали се мисли на граѓаните, или само на инвеститорите. Дали тендерите се подготвуваат за да ги добие најдобриот. Дали државниот апарат се полни со неработници на кои партијата им е единствениот капацитет, а не знаењето, па добиваат сила на сите да ни се мочаат врз глава. Конечно, дали ќе заврши политиката на казнување на чесните, а наградување на безобразните.

Тоа беа надежите на оние што помогнаа Заев да дојде на власт во 2017. Уште се плашиме дека секое запирање на евроинтеграцијата ќе значи враќање на режим.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close