Дачиќ: Изборите во Косово се „изговор за одлагање на дијалогот“

Претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека одлуката на Уставниот суд на Косово за нови избори е нов изговор за одложување на дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

-На Косово се се повторува, секогаш кога во дијалогот треба да се договори нешто, има некои проблеми во Приштина. Додека им траат изборите, нема преговори, и тоа постојано се повторува, кажа Дачиќ за телевизија Хепи.

Тој посочи дека брзината на евроинтеграциите на Србија зависи од преговорите со Приштина, која „секогаш бара изговор“.

Според него, „несериозно“ е што помина толку време додека Уставниот суд во Приштина донесе одлука практично да падне тамошната влада, како што пренесуваат медиумите.

Уставниот суд на Косово го прогласи за неуставно изгласувањето на владата на актуелниот премиер Авдулах Хоти на 3 јуни, бидејќи гласот на еден пратеник бил прогласен за неважечки, со што консастираше дека владата нема добиено мнозинство во косовскиот Парламент.

Според одлуката на судот, претседателот на Косово треба да распише нови избори, кои ќе се одржат најдоцна 40 дена по распишувањето.

Back to top button
Close