Дачиќ: Специјалци го ликвидирале убиецот од Јагодина, пукал во нив при апсењето

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ соопшти дека припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) во Јагодина го убиле Саша Милосављевиќ (48), кој вчера попладнето уби едно лице, а друго тешко го рани.

Дачиќ објави и дека при обидот за апсење, Милосављевиќ пукал во полицајците.

Пукањето се случило вчера околу 18:00 часот во кафана на улицата Ива Андриќа во населбата Стрелиште во Јагодина.

Во таа прилика едно лице е убиено, а друго е рането.

Напаѓачот бил во бегство, но полицијата подоцна го пронашла и го совладала

Back to top button
Close