Далас предводен од Дончиќ ја прекина победничката серија на Мемфис

 

Кошаркарите на Далас го совладаа синоќа Мемфис со 112:85 и со тоа ставија крај на серијата од 11 победи во низа во НБА лигата.

Далас беше предводен од фантастичниот Словенец Лука Дончиќ, кој го оствари својот 40. трипл-дабл ефект во кариерата, постигнувајќи 27 поени, од кои 19 во второто полувреме. Додаде и 12 скокови и десет асистенции.

За Далас ова беше седма победа во последните осум натпревари.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Детроит t – Торонто 103-87

Индијана – Феникс 94-112

Филаделфија – Бостон 111-99

Шарлот – Орландо 109-116

Чикаго – Голден Стејт 96-138

Мајами – Атланта 124-118

Сан Антонио – Кливленд 109-114

Сакраменто – Хјустон 126-114

Мемфис – Далас. 85-112.

Back to top button
Close