„Данас“: Вучиќ утре ќе ги извести пратениците дека го прифатил предлогот за Косово

Соња Бисерко, претседателка на Хелсиншкиот одбор за човекови права, смета дека „Вучиќ веќе го обработил членството на напредњаците, заканувајќи се со оставка, што би било крајот на СНС“, а смета дека почнала и медиумска офанзива, која всушност е „деконтаминација на токсичната атмосфера“ што властите ја создавале со години.

– Со потпишувањето на понудениот европско-американски предлог за Косово почнува процес што им ја отвора европската перспектива и на Србија и на Косово. Треба да се имаат предвид и околностите во кој е понуден. Геостратегиските придвижувања се кристализираа со руската агресија врз Украина. Благодарение на Украина, Косово е актуелизирано како незавршено прашање во дворот на Европа. Тоа, се надевам, постепено ќе го стабилизира Балканот, а Србија конечно ќе ги знае своите граници, што е претпоставка за модерна држава – оценува Бисерко.

Таа смета дека дел од опозицијата ќе гласа против предлогот и ќе го обвини претседателот за велепредавство.

– Иако поголемиот дел (од опозицијата) е надгледувана од претседателот, не треба да се изгуби од видот дека тие се под притисок и од Русија. Москва сигурно ќе прави разни опструкции, зашто со затворањето на косовското прашање ќе го изгуби единствениот аргумент со кој наводно ги штити интересите на Србија – додава Бисерко.

Историчарот Миливој Бешлин оценува дека денешната седница ќе биде „натпревар во национал-популизам“ помеѓу Вучиќ и националистичката опозиција.

– Од претставниците на популистичко-тајкунската опозиција очекувам обиди за перфидно уривање на европско-американскиот мировен предлог, иако тие самите немаат поим што да прават со косовскиот јазол. Пд претставниците на руско-квинслиншката и профашистичка опозиција очекувам да потпалува и да дивее, зашто се јасни налозите што ги добиле од Москва за неопходноста од отворање на балкански фронт. Од малутемина вистински проевропски пратеници очекувам јавно да го поддржат европскиот предлог за решавање на спорните прашања помеѓу Србија и Косово и јасно да го прашаат Вучиќ зошто ни беа одземени десет години од животот, зашто со незначителни промени ова беше на масата и пред една деценија – изјави Бешлин.

Back to top button
Close