Данела Aрсовска осудена за клевета

Основниот граѓански суд Скопје после 4 години донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање од Орце Тодоровски, поранешен директор на штабот на ВМРО-ДПМНЕ и заменик генерален секретар на партијата, како и актуелен помошник генерален директор во МРТВ, против Данела Арсовска, поранешна градоначалничка на Скопје, како и Град Скопје, поради клевета и навреда.

 

Според пресудата, судот утврдил дека на прес-конференцијата одржана на 6 декември 2022 година Арсовска изнела невистинити тврдења со кои му нанела штета на угледот и честа на Тодоровски. Изјавите се однесувале на наводна набавка на 150 автобуси од Унгарија и тврдења дека Тодоровски посредувал за исплата на провизија.

Судот оцени дека со ваквите изјави е сторена клевета, поради што Данела Арсовска е задолжена да му исплати на Тодоровски 100.000 денари како надомест на нематеријална штета.

 

Со пресудата, Арсовска е задолжена и јавно да ја објави изреката од пресудата на сопствен трошок во два дневни весници, како и во иднина да се воздржи од изнесување исти или слични невистинити и навредливи тврдења.

 

Одговорност утврди и за Град Скопје, кој солидарно со Арсовска ќе треба да ја надомести штетата и да ја објави изреката од пресудата во согласност со судската одлука.

Back to top button
Close