Данска достигна нов рекорд – 10.000 нови случаи на коронавирус во еден ден

Во Данска денеска се регистририрани речиси 10.000 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд од почетокот на пандемијата, јави ДПА.

-Сојот омикрон е пронајден во околу 3.000 од овие регистрирани случаи, изјави вечерва на прес конференција Хенрих Улум, директорот на телото за контрола и превенција на болестите- Државен институт за серум.

Од крајот на ноември во Данска се откриени вкупно околу 9.000 заразени со сојот омикрон. Таканаречените настани за супер брзо ширење на заразата, особено ноќниот живот, доведоа до брзо ширење на вирусот, рече тој.

-Инфекцијата ќе продолжи да расте доколку ништо не преземеме, рече Улум.

Премиерката Мете Фредериксен претходно на Фејсбук најави нови мерки против заразата, без да даде конкретни потези.

„Не се сомневам дека ќе бидат потребни нови мерки за да се скршат синџирите на инфекција“, напиша таа.

Неколку партии во парламентот повикаа на ограничување на собирите, пренесе ДПА.

Back to top button
Close