Данска – Исланд и Хрватска – Германија во полуфиналето на ЕП во ракомет

Завршните натпревари од главната фаза во кои Данска вечерва ја совлада Норвешка со 38-24, а Шведска триумфираше над Швајцарија со 34-21 ги комплетираа полуфиналните двојки на Европското првенство во ракомет.

Данска со вечерашниот триумф го освои првото место во групата 1 и во полуфиналето ќе игра против Исланд, како второпласирана репрезентација во групата 2, додека Хрватска како првопласирана репрезентација во групата 2 во полуфиналето ќе игра против Германија.

Шведска со вечерашниот триумф го освои третото место во групата 2 и ќе игра против третопласираната репрезентација од групата 1, Португалија, во дуелот за петтото место.

Завршницата на Европското првенство ќе се игра во Хернинг. Полуфиналињата се закажани за 30 јануари со почеток во 17:45 и 20:30 часот, а претходно, натпреварот за петтото место ќе се игра од 15:00 часот.

По ден одмор, ќе следат натпреварите за медали. Пресметката за бронзен медал ќе се игра на 1 февруари од 15:15 часот, а европскиот шампион ќе биде крунисан по финалето, кое ќе се игра на 1 февруари со почеток во 18:00 часот.

Back to top button
Close