Данската амбасада во Москва нема да прифаќа барања за визи

Данска денеска соопшти дека нејзината амбасада во Москва повеќе нема да прифаќа барања за визи или дозволи за престој, поради недостиг на персонал, откако Русија протера четворица дипломати и уште тројца вработени претходно овој месец.

Данското Министерство за надворешни работи во соопштение наведува дека не е можно да се одржи вообичаеното ниво на активност.

Тие наведуваат и дека сега приоритет е да им се пружи помош на данските граѓани и оти овој потег е привремен, но не е прецизирано колку ќе трае.

Потегот на Москва уследи откако Данска протера 15 вработени во руската амбасада во април и ги идентификуваше како разузнавачи, во согласност со сличните чекори преземени од другите земји од Европската унија.

Back to top button
Close