Даравелски останува во затвор,Правда потврди дека казната застарува во 2028 година.

Согласно известувањето од Основен суд Куманово, апсолутна застареност на извршувањето на казната по пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје К.бр.809/05 настапува на 26.3.2028 година. Застареност констатира само надлежен суд, велат од Министерството за правда за „360 степени“
„360 степени“ вчера објави дека една од правните опции е поранешниот директор на Царинската управа да бара повторно да седне на обвинителна клупа и да има ново судење со оглед на тоа што при првото му се судеше во отсуство. Од судот во Куманово информираат дека досега не е пристигнато никакво барање од Даравелски или од негови адвокати во врска со евентуално повторно судење

Даравелски, вчера беше приведен на граничниот премин „Табановце“ во обид од Србија да влезе во Македонија. Почицијата постапи по потерница и од границата го спроведе во затворот Идризово на издржување на затворската казна од 7 години донесена во негово отсуство бидејки екс директорот на царина побегна во Србија и до вчера одбегнуваше да се врати во земјата користејки го Српското државјанство кое го доби по бегството и властите во Белград неколку пати ги одбија барањата на Македонското министерство за правда да биде екстрадиран на издржување на правоилна пресуда од 7 години затвор донесена во 2008 година.

Back to top button
Close