Де Бруин го напушта Сити како слободен играч

Веќе неколку дена се шпекулира, а сега „Скај спортс“ објави дека Кевин де Бруијн ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната.

Белгиецот ќе го напушти Манчестер Сити како слободен играч по една деценија во клубот. Приказните почнаа да кружат по реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, во кој Сити играше со Реал Мадрид, а Гвардиола го остави Де Бруин на клупата.

Откако пристигна во Сити во 2015 година, тој одигра 409 натпревари, постигна 105 гола и асистираше за уште 173.

Шест пати ја освои Премиер лигата, два пати ФА Купот, пет пати Лига купот, а минатата сезона ја освои и Лигата на шампионите.

Белгиецот наскоро ќе наполни 34 години, а како што пишува „Скај спортс“, кариерата би можел да ја продолжи во САД, поточно во Сан Диего, кој наводно веќе е во напредни преговори со искусниот играч.

Back to top button
Close