Декларација за осуда на насилството врз Бугарите во Македонија донесена во бугарското Собрание

Како резултат на последните случувања на релација С Македонија-Бугарија, Комисијата за надворешна политика на Бугарија во Собранието на последната седница едногласно усвои Декларациа со која се осудуваат актите на насилство и повиците на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков.

 

Во декларацијата се наведува дека е потребно почитување на принципите на Повелбата на Обединетите нации и документите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и на демократските принципи вградени во актите на Советот на Европа

“Бугарија ги осудува „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политички простор на РСМ и ги прифаќа како намерно всадување омраза против Бугарија и Бугарите. „Заштита на правата на бугарските граѓани и граѓани со бугарско јас – свеста во РСМ мора да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание од 25 јуни 2022 година“,се вели во декларацијата.

Воедно се повикуваат и институциите во Република Северна Македонија, во духот на европските вредности и слободи, да се воздржат од одлуки и дејствија кои сериозно ќе ги нарушат односите меѓу двете земји и нивните граѓани.

По едногласното носење на Декларацијата, таа мора да се достави на гласање на пленарна сала.

 

 

 

 

 

Back to top button
Close