Дел од проектил паднал во дворот на резиденцијата на Зеленски

Дел од проектил паднал во дворот на летната резиденција на украинскиот претседател Влодомир Зеленски, соопшти секретарот за медиуми Сергеј Никифоров.

Тој објави фотографии од дворот на летната резиденција, кој се наоѓа во близина на главниот град Киев.

-Дел од проектилот паднал во дворот на претседателската резиденција во Конча Заспи, во јужниот дел на Киев, напиша Никифоров.

Според него, Зеленски реагирал со само еден збор: „промашување“.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните неколку дена, пишува британски Тајмс.

Back to top button
Close