Делегација на Левица им оддаде почит на загинатите борци кај Вејце

Делегација на Левица денеска во тетовско Вејце им оддаде почит на осумте припадници на Армијата и полицијата кои беа убиени на 28 април 2001 година на тоа место. Делегација ја предводеше потпретседателот Реџеп Исмаил, како и носителот на кандидатската листа во шеста изборна единица Игор Димески.

Денес се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, каде осум наши бранители го загубија својот живот, бранејќи ја Република Македонија. Исто така има и повредени од овој немил настан. Левица е тука да им оддаде почит на тие жртви, и на повредените, изјави Игор Димески

Back to top button
Close