Грчката амбасадорка ја напушти инаугурацијата на Силјановска-Давкова во знак на протест

Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која заедно со колегите амбасадори дојде да ја проследи седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала, пренесе 360 Степени.

 

Заминувањето е во знак на протест поради тоа што Силјановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија туку користеше Македонија.Веста прв на Икс ја објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

 

Back to top button
Close