Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да запали оган со бензин
32-годишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди од изгореници додека се обидувала да запали оган со бензин во селото Орешани.

Според информациите од МВР, на 10 ноември околу 20:40 часот во полицијата било пријавено дека жената била донесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди од изгореници.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот






