Демократија, ама од Али Експрес.
Советот на Град Скопје не е приватна трибина за навреди, ниту циркус.Тоа е институција платена од граѓаните – место каде треба да се решаваат проблеми, а не да се демонстрира ароганција и политичка некултура.Советот на Град Скопје, изгледа, конечно ја пронајде својата „вистинска“ намена – не како место за решавање проблеми, туку како сцена за евтин политички перформанс.
Не може Деловник да се толкува по партиска потреба, секоја седница по наредба мнозинството да гласа вдомување партиски кадри, градоначалникот со кршење на се што е деловничко да го има последниот збор и да стави капаче на секоја точка.Кој воопшто има потреба од различно мислење? Зошто би слушале опозиција, кога е многу поудобно да се да се негира секое прашање и предлог на опозицијата, па и кога е во право.
Демократија, ама од Али Експрес.
Очигледно, новиот модел на управување е едноставен: ако проблемите не можеш да ги решиш – игнорирај ги. Ако некој зборува за нив – прекини го.
Во меѓувреме, градот си тера по старо – ѓубре на секој агол, загаден воздух, нефункционални услуги, неисплатени субвенции за 2025 за велосипеди и азбестни, отровни кровови(не е оправдување од време на Данела се), префрлање на топката град општини, а избирачките одбори не ги добија целосно заработените пари.Но, не е важно. Важно е кој ќе го добие микрофонот и кој ќе успее погласно да го замолчи другиот.
Советот не е арена, велите? Точно. Ова веќе не е ни арена – ова е лошо режирана претстава во која граѓаните плаќаат билет, а не добиваат ништо освен срам.
Наместо дебата – диктат. Наместо решенија – театар.
Но, продолжете така. На крај, единственото што нема да можете да го исклучите е – гласот на граѓаните.
фб статус на Катерина Цаневска советник во град Скопје





