Видевски, осуден за убиствата на Вања и Панче во критична состојба хоспитализиран на клиниката за Нефрологија

Боре Видевски, еден од четворицата кои добија првостепена доживотна затворска казна за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е хоспитализиран, дознава Инфомакс.
Според нашите извори, Видевски бил хоспитализиран вчера вечерта на клиниката за Нефрологија и се наоѓа во критична состојба.
„Тој е без два бубрега, има трансплатиран бубрег дониран од неговиот братучед. Поради условите, поради неосодветната медицинска нега, бидејќи не е за притвор, резултатите се над максималните граници. Фамилијата го виделе, ќе мора да прави дијализа, неколку пати. Како ќе биде тоа, докторите ќе кажат. Мора да прави дијализа, бидејќи бубрегот работи дали 20-30%“, рече адвоктот Манев за Скопје1.
Инаку, за утре е закажана јавна седница по жалбата на одбраната за доживотните затворски казни кои ги донесе Кривичниот суд, но истата најверојатно ќе биде одложена поради хоспитализирањето и критичната состојба на Видевски.
Инаку каратистот Видевски кој беше обвинет е за директно учество во здружување, грабнување и убиство, на судењето негираше вина.
Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа грабнати па убиени во ноември 2023 година, а Кривичниот суд ги осуди Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, додека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој беше меѓу обвинетите, доби ослободителна пресуда.






