Ајзенкот: Нетанјаху мора да биде сменет по најавата за прекин на американската помош

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на финансиската помош за Израел по завршувањето на оваа година покажува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да биде сменет, изјави лидерот на израелската опозициска партија „Јашар“, Гади Ајзенкот.
Реакцијата на Ајзенкот следи по денешното интервју на Трамп за телевизијата „Фокс њуз“, во кое тој објави дека исплатите од четири милијарди долари годишно ќе бидат прекинати од почетокот на следната година, врз основа на претходен договор со израелскиот премиер, додавајќи дека САД ќе му помогнат на Израел доколку се појави таква потреба.
„Фактот што највисоките воени кругови во Израел дознаваат од медиумите за промена во нашите стратешки односи, истовремено со израелската јавност, покажува колку е опасно управувањето на Бенјамин Нетанјаху. На него повеќе не може да му се верува и тој мора да биде сменет“ – се наведува во официјалното соопштение на Ајзенкот.






