Демонстрации во Австрија против десничарскиот екстремизам
Под мотото „Да ја заштитиме демократијата“, низ Австрија се одржаа собири и кампањи наречени „море од светлини“ против десничарскиот екстремизам.
Откако десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Виена на крајот на минатиот месец за да протестираат против десничарскиот екстремизам и расизам, луѓето ширум земјата вчера повторно го потврдија својот цврст став.
Демонстрантите собрани во австриската престолнина маршираа до зградата на парламентот, каде акцијата заврши.
Портпаролката на организацијата „Петоци за иднината“, која ја иницираше акцијата, Лајла Крихбаум, ги повика луѓето да се спротивстават на десничарскиот екстремизам и агитација во Австрија и да застанат во одбрана на демократијата.
„Во претстојната изборна година се соочуваме со „решавачка пресвртница“, нагласи Крихбаум.
Следниот голем митинг во Виена е закажан за 23 март