Денеска сончево, но студено – утринските температури до -5 степени

Денеска времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе биде засилен долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 2 степени, додека дневните ќе достигнат од 6 до 12 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и постудено време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се спушти до -3 степени и во текот на денот ќе достигне до 8 степени.

Back to top button
Close