Десет новинари од телевизијата Н1 во Србија дадоа отказ

Десет новинари на телевизијата Н1 поднесоа оставки, објави српскиот неделник „Време“.

Меѓу нив се Даница Вучениќ, Наташа Миљковиќ, Миа Бјелогрлиќ, Ана Новаковиќ, Сања Косовиќ, Ксенија Павков, Жаклина Таталовиќ, Жана Булајиќ, Адам Сантовац и Димитрије Ѓуриќ.

 

То се случува во време кога редакцијата на порталот „Нова.рс“ е под притисок од менаџментот бидејќи не прифаќа да им се наметне нов главен уредник. Тие се сомневаат дека ова би бил чекор кон задушување на слободното новинарство какво што досега се негуваше, пренесе Бета.

Back to top button
Close