„Деспотовски прави дил со оние што сакаат да ја срушат СДСМ заради личен интерес“, порачаа од опозициската партија

„Како класичен петоколонаш и квислинг Деспотовски продолжи со нападите на СДСМ. Јавноста и членовите гледаат дека ова е продолжение на планот на предавничката коалиција ВМРО-ЗНАМ за напади и уривање на СДСМ“ – порачаа утрово од најголемата опозициска партија, повторно упатувајќи критики кон членот на СДСМ и поранешен директор на ТИРЗ.

Според СДСМ, нападите од Деспотовски, како што ги велат, доаѓаат токму кога, додаваат од оттаму, партијата се стабилизираше, напредуваше и доби голема поддршка од јавноста за борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ и договорите „мигранти за пари“ .

-Додека ние ги разоткриваме криминалните шеми на ВМРО-ЗНАМ, тој со нив прави договор против СДСМ. Деспотовски прави дил со оние што сакаат да ја срушат СДСМ, повторно заради личен интерес.

Човек кој во партијата никогаш не бил активен, кој за партијата и за партиските другари практично не постоел.

Доказите СДСМ јавно ги објави, прво излегуваа текстови на порталот на Геро против СДСМ и во одбрана на Деспотовски. Кој може да верува дека е добронамерно јавното напаѓање на сопствената партија во моментите на најжестока борба против криминалот и корупцијата? Против договорите „мигранти за пари“?

Партијата отсекогаш била место за разговор, СДСМ е позната по внатрешната демократија, а не напаѓање преку медиумите, стои, меѓу другото, во соопштението од СДСМ

Back to top button
Close