Дестани: Моето име се споменува како кандидат за премиер, но јас немам никакви политички амбиции

Бизнисменот Лазим Дестани, кој е сопственик на компанијата „Еколог“, вели дека иако изминатите неколку дена неговото име се споменува како кандидат за премиер, тој нема никакви политички амбиции.

– Во оваа пригода, бидејќи моето име се споменува како кандидат за премиер, би сакал да посочам како што веќе кажав и претходно, дека покрај бизнисот останувам посветен и на филантропијата. Ангажман во политичкиот живот не бил и не е во моите планови и амбиции. Мојот придонес ќе остане во полето на економскиот развој и претприемништвото, нешто на што работев во текот на целата мојата кариера – пишува Дестани.
Тој порачува дека би сакал по овие избори да се формира влада која ќе им служи на државата и на сите граѓани.

Шпекулациите за Дестани во јавноста се појави откако ДУИ почна со кампања за премиер Албанец.

Back to top button
Close