ВИДЕО: Детали за несреќата во која загина малолетник: Приведен е возачот на „бмв-то“

МВР објави дополнителни детали за несреќата во Куманово во која загина 15-годишник.

Несреќата се случила вчера вечер околу 21:40 на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населбата Карпош.

-Вчера околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ управуван од малолетник од Куманово. Од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16 – годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед, велат од МВР.

Видео: Инфомакс

Back to top button
Close