Дете-пешак удредно зад „Скопјанка“ од 23-годишник со мопед – однесено е во болница, има повреди
На еднонасочната улица позади трговскиот центар „Скопјанка“, постојано се вози двонасочно алармираат жителите откако дете било удрено од мотор. На улицата, бараат да има и соодветен пешачки премин, пишува Скопје1.
„На оваа улица позади т.ц Скопјанка која е еднонасочна, но се вози двонасочно на делот од скаличките до паркингот да се обележи пешачки премин и некој знак за пешаци. Секој дневно од тука идат и се вракаат ученици од О. У Браќа Миладиновци и е опасно за нив денес беше удрено дете од мотор а и претходно имало слични инциденти за среќа без последици како денес“, се вели во апелот на жител кој живее овде.
Од редакцијата на „Скопје1“ побарале детали од МВР, од каде одговориме дека пешакот има повреди.
„На 24.02.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бојмија“ во Скопје мопед „хамачи“ управуван од И.А.(23) од Скопје удрил во дете-пешак од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информирале од МВР