Неколкумина приведени во Иран по протестите поради убиството на студентка

Неколку лица се приведени во Иран по протестите поради убиството на студентка, јави ДПА.

-Преземени се неопходни мерки против оние кои се обидоа да го нарушат јавниот ред и да ја загрозат безбедноста на општеството, рече портпаролот на судството, Асгар Џахангир, според извештајот објавен денеска од иранските медиуми.

 

Џахангир рече дека мал број луѓе биле вклучени.

Грабежот и убиството на 19-годишната студентка пред речиси две недели предизвика негодување низ целата земја.

Младите протестираа пред универзитетскиот комплекс во Техеран, извикувајќи слогани против режимот во Исламската Република, критикувајќи ја улогата на државата и барајќи поголема безбедност за студентите.

Властите најавија апсење на осомничените во случајот пред една недела. Според истрагата, нападнатата студентка се спротивставила на кражбата на лаптопот и мобилниот телефон, а како одговор двајцата осомничени мажи двапати ја прободеле со нож.

Во септември 2022 година, смртта на младата иранска курдка, Махса Амини во полициски притвор предизвика протести низ целата земја

Back to top button
Close