Дијана Хрка повикува на блокада на Белград


Дијана Хрка, мајкатана трагично загинатиот Стефан во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, го поддржа предлогот на превозникот Миломир Јаќимовиќ за блокада на Белград и ги повика граѓаните на Нови Сад да се приклучат.

Како што пренесува Nova.rs, таа истакна дека е време за обединување и организирано делување.

На прес-конференција, Хрка изрази задоволство што Јаќимовиќ и неговиот син го прекинале штрајкот со глад и најави дека ќе стапат во контакт за понатамошни договори околу протестните активности.

„Го поддржувам неговиот план за блокада, но допрва ќе се договараме. Важно е конечно да се обединиме, да бидеме под еден шатор и да одлучиме како понатаму“ изјави таа.

Како можен модел го спомена и предлогот за блокада во траење до 48 часа.

Таа повтори дека ќе направи сè за да се постигне правдa за нејзиниот син и другите жртви, но и за да се „обедини народот и да се спротивстави на злото“, како што го опишува состојбата во Србија.

Back to top button
Close