Дијас играч на сезоната во Премиер лигата во избор на новинарите

Дефанзивецот на новиот англиски првак Манчестер сити, Рубен Дијас, е избран денеска за фудбалер на годината во Премиер лигата во избор на Здружението на спортски новинари (FWA).

Португалецот минатата сезона дојде во Сити од редовите на Бенфика за 56.6 милиони евра и стана само третиот играч во историјата на Премиер лигата, кој наградата ја освоил во својата прва сезона во англискиот фудбал,

Тимот на Пеп Гвардиола сезонава ја освои шампионската титула во Англија, како и Лига купот, а на 29 мај ќе има можност за тројна круна доколку триумфира над Челзи во финалето на Лигата на шампиони во Порто.

– Ова е голема привилегија за мене. Очигледно дека тоа немаше да бидам без успехот на тимот. Мислам дека ова признание е награда за трудот на целиот тим и за начинот на кој играме, изјави Дијас.

Back to top button
Close