Диди Комбс од затвор вршел притисок на потенцијалните жртви и сведоци

Обвинителите во Њујорк ја обвинија музичката ѕвезда Шон „Диди“ Комбс дека се обидува од затворот да манипулира со потенцијалните сведоци и јавното мислење за да влијае на поротниците во претстојното судење за трговија со луѓе.

Овие тврдења се во поднесокот до федералниот суд во Менхетен, со кое се бара да се отфрли неговото последно барање за кауција од 50 милиони долари, пишува ABC News.

Според обвинителите, Комбс телефонирал од затвор барајќи од членовите на семејството да контактираат со потенцијалните жртви и сведоци и да измислат приказни што ќе го поколебаат јавното мислење и потенцијалните поротници.

„Обвинетиот повеќепати покажа, дури и додека е во притвор, дека не ги почитува правилата и се обидува незаконски да влијае на исходот на неговиот случај. Затоа, тој не може да се смета за лице на кое може да му се верува дека ќе исполни какви било услови за кауција“ стои во поднесокот на обвинителството.

Судиите веќе утврдија дека тој е опасност за заедницата и дека постои ризик за бегство, поради што неговите претходни барања за кауција беа одбиени

Back to top button
Close