Димитриеска-Кочоска: Нема да се емитува нова граѓанска обврзница

Министерството за финансии, минатата година ја воведе на пазарот граѓанската обврзница како нов иновативен производ со кој ќе се стимулираат граѓаните да ги извадат парите од под перница, но ќе се обезбеди и прилив на пари за буџетот од домашни извори. Идејата беше промовирана од тогашниот министерот за финансии Фатмир Бесими. Се одржаа повеќе аукции, а интересот за нив беше голем.

Новата министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска на денешниот брифинг со новинари рече дека засега нема да продолжи емитувањето на ваквите граѓански обврзници.

– Граѓанската обврзница е со камата од 5 проценти со рок за доспевање од две години. Ако се позајми од банките каматата за овој рок е 3,8 проценти, а 5-6 проценти е за рок на враќање од 15 години – појасни Димитриеска-Кочоска.

Back to top button
Close