Димитров телефонски разговараше со француската државна секретарка Де Моншален
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/dimitrov-telefonski-razgovarashe-so-francuskata-drzhavna-sekretarka-de-monshalen.jpg)
– Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска телефонски разговараше со државната секретарка задолжена за европски прашања во Министерството за Европа на Франција, Амели де Моншален.
– Беше изразено задоволство од доброто ниво на билатералните односи и соработка. Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда на Северна Македонија и заеднички ги разгледаа претстојните чекори на овој план, соопшти МНР.
Димитров и Моншалан разговарале и за актуелни прашања од регионален интерес.са/