Директорка на дом во Битола фалсификувала документи, трошела државни пари…

На 02.07.2024 СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Е.С.(57) од Битола, поради основано сомнение за сторени четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „несовесно работење во службата”, „фалсификување исправа” и „употреба на исправа со невистинита содржина”, сите од Кривичниот законик.

Пријавената во својство на одговорно лице, директор на државен ученички дом во Битола ја злоупотребила својата службена положба и овластување и вршела несовесно работење во службата при што во повеќе наврати заедно со поранешниот секретар на домот ја напуштале државата со приватно возило, а во налозите за користење на службеното возило била евидентирана дека е на работа или на службено патување во државата, потоа реализирала повеќе службени патувања во странство со службеното возило заедно со лица кои не биле вработени во домот, без одлуки од Управен одбор за нивно одобрување.

Пријавената, исто така, на поранешниот секретар свесно и намерно не му го одобрила барањето за одмор, со образложение за неопходна потреба од негово присуство за извршување на работните обврски како секретар во домот, носејќи Решение за исплата на надомест за неискористени денови од одморот или вкупно 51 работен ден во износ од 103.989 денари, иако секретарот во тој временски период немал редовно присуство на работа, туку често бил отсутен и надвор од државата во работно време заедно со пријавената.

 

Back to top button
Close