Директорката Бухова-Во 14 дневна самоизолација сум, имав контакт со член од семејството кој има ковид

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат доктор Ирина Бухова Сотирова е во 14-дневна самоизолација поради контакт со близок член на семејството, кој е позитивен на Ковид 19.

“По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство. Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми. Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемолошката препорака, ќе останам дома. Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца.
Искрено се заблагодарувам на сите за поддршката и грижата – изјави доктор Бухова за ” Фокус”.

Официјално соопштение е објавено и на страната на ДСЗИ.

Back to top button
Close