Директорот на Јад Вашем го критикуваше амбасадорот на Израел за жолтата ѕвезда на реверот

Директорот на Музејот на холокаустот Јад Вашем, Дани Дајан, денеска го критикуваше израелскиот амбасадор во ОН Гилад Ердан затоа што носеше жолта еврејска ѕвезда на реверот за време на вчерашното обраќање на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Дајан оцени дека „на ваков начин се навредуваат жртвите на Холокаустот и државата Израел“.

Како што објави на платформата Х, жолтата ѕвезда „ја симболизира беспомошноста на еврејскиот народ“, како и „да се биде на милост и немилост на другите“.

„Ние сме господари на нашата судбина. Денес ставаме сино-бело знаме на реверот, а не жолта крпеница“, додаде Дајан, пренесуваат израелските медиуми.

Амбасадорот изјави во Советот за безбедност дека ќе носи жолта ѕвезда на која пишува „да не се повтори“ сè додека членовите на тоа тело не ги осудат злосторствата на Хамас

Back to top button
Close