Директорот на Детската клиника: Денеска да имаме пожар некаде горе по катовите, ние немаме притисок за гасење пожар

Детската клиника со многу инфраструктурни, наталожени проблеми, а дел од нив навистина се сериозни, обзнани денеска директорот на Детската клиника д-р Реџеп Мемемди.

На пример кујната каде се спрема храна за деца и бебиња е во комплетно амортизирана состојба, со инвентар кој е повеќе од 20 години стар, и е тешко да се одржува по стандарди со простории кои се руинирани. И замислете, во вакви простории на Детска клинка со години се спрема храна за деца – рече Мемеди и праша дали тоа е безбедно.

Тој побарал да се изготват решенија, со кои ќе се реши овој проблем.

Ја покажа и пумпалната станица со неколку пумпи за вода, кои секојдневно прават дефекти, па Детската клиника секоја недела има недостаток на вода. Една од тие пумпи е хидрофор кој обезбедува висок притисок за хидрантите по катови за гасење пожари, кој од 2018 година е надвор од употреба.

– Замислете денеска да имаме пожар некаде горе по катови, ние немаме притисок за гасење пожар – рече Мемеди. Е, ова е високоризичен момент – вели Мемеди.

Лифтовите кои се 40 години стари се надвор од функција уште пред тој да дојде на функција.

– Никој не се нафатил да се занимава со ова, а нашите пациенти се качуваат по скали – вели Реџепи.

Back to top button
Close