Дивјаците од Западен Балкан

Што си мислат партииве, и од власта и од опозицијата, кога ветуваат брда и долини во изборната кампања? Каде сме живееле ние до вчера?

Во некои други општини, во некоја друга земја, на некоја друга планета? Па одеднаш пред локални избори сме се створиле тука, сме се разбудиле едно сабајле и од билбордите со фотошопирани ликови и спотовите на телевизија ќе поверуваме дека нашата општина ќе биде најубавата во свет.

Баш со тие фотошопираните од раскрсниците и патиштата. Партиите, и од власта и од опозицијата, протоколите за заштита од ковид не ги почитуваат на митинзите, а ние треба да им веруваме дека ќе ги исполнат сите ветувања што така штедро ги вадат од ракав. А притоа, никој не даде ветување дека секој ден ѓубрето ќе се собира и ќе се чисти од улиците. И тоа два пати дневно, ако треба. Се занесоа во фантазирање, а не кажаа дека ќе чистат и во недела и на празник.

Сè што ветуваат нема врска со тоа што дневно им е работа и досега. Не ми е јасно, со кој памет мислат дека некој ќе ги гласа само затоа што сега му ја асфалтираат улицата што 4 години седела раскопана. Замислете – крпеле дупки. Менувале асфалт. Поправале тротоари. Купувале контејнери. Е толку си ги имаат спуштено критериумите.

И вршењето на секојдневната работа за која се платени ни ја претставуваат за постигнување. 4Бранко Црвенковски беше премиер и претседател на државата вкупно 13 години. Во почетоците на посткомунистичката транзиција. Во период во кој се направени сите коруптивни зулуми од кои уште не можеме да се оправиме. И Бранко не може да плука по сегашноста и особено по перспективите за иднината на земјата, како божем тој да не носи никаква одговорност зошто сме сега вакви какви што сме.

Кога зборува, како што зборуваше во МАНУ, треба да помисли и на сопствената улога и одговорност. А Ѓорге Иванов, кој сакаше да направи воена состојба за да спречи промена на власт по легални избори и кој аболираше криминалци по список од партија која ја уназади демократијата, не треба ни да добие шанса да зборува.

Back to top button
Close