Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
Руското Министерство за правда ја стави германската радиодифузна компанија Дојче веле на листата со странски агенти, објавено е денеска на веб-страницата на Министерството, пренесе агенцијата ТАСС.
Како што се наведува, руското Министерство за правда го вклучи Дојче веле во својот регистар на странски медиуми кои имаат функција на странски агенти.
Руските власти на 3 март му ја одзедоа акредитацијата на Дојче веле, како одговор на одлуката на официјален Берлин да го забрани емитувањето на рускиот канал РТ бидејќи немал соодветна лиценца.