Добитници на „Еми“ наградите за 2026 година

Хорор-комедијата „Widow’s Bay“, за град со духови во Нова Англија, беше најголемиот победник на овогодишните телевизиски награди „Еми“, освојувајќи рекордни 14 статуетки, вклучувајќи ја и наградата за најдобра хумористична серија, а медицинската драма „The Pitt“ повторно е прогласена за најдобра драмска серија. „Widow’s Bay“ ја надмина последната сезона од серијата „Hacks“, минатогодишниот победник во категоријата хумористична серија.

Додека пак, ѕвездата од „Hacks“, Џин Смарт, ја освои својата петта „Еми“ награда за нејзината улога на стендап комичарката Дебора Венс. Со тоа, таа стана првата актерка што освои Еми за најдобра главна женска улога во комичната серија, во сите сезони. Единствена што ѝ се приближи беше Џулија Луис-Драјфус, со освоени шест „Еми“ награди за седум сезони од серијата „Veep“.

 

Меѓу наградените е и велшкиот актер Метју Рис, кој стана првиот актер со освоени две „Еми“ награди за главна улога во „Widow’s Bay“ и психолошкиот трилер „The Beast in Me“, додека пак, наградата за најдобра драмска актерка ѝ припадна на Рија Сихорн за нејзината улога во серијата „Pluribus“.

За време на церемонијата академијата му оддаде почит на Мајкл Џ. Фокс за неговата посветеност во истражувањето и лекувањето на Паркинсоновата болест. Фокс зборувајќи во инвалидска количка, му се заблагодари на Холивуд за поддршката што му овозможи да ја продолжи актерската кариера откако му беше дијагностицирана болеста.

Овогодишното доделување на „Еми“ наградите го водеше Мариска Харгитај, ѕвездата на серијата „Закон и ред: Единица на жртви“, со што прекина долгогодишната традиција водителот да биде комичар.

Церемонијата се емитуваше во живо на „NBC“ и преку платформата „Peacock“, а овогодишните добитници на наградите „Еми“ беа одбрани од над 27.000 членови на телевизиската академија, меѓу кои сценаристи, режисери, актери, продуценти и други вработени во телевизијата.

Back to top button
Close