Добри вести од 2024 година кои можеби сте ги пропуштиле

Во година обележана со кризи, 2024 донесе и моменти на триумф и надеж. Од иновативни бизнис-иницијативи до примери на извонредна издржливост за време на кризи, овие приказни потсетуваат дека позитивноста и креативноста можат да процветаат дури и во најтурбулентните времиња, потсетува УНДП.

Првото кафе без уништување на шумите

Сите го сакаме кафето, како и луѓето кои го одгледуваат и произведуваат. За жал, традиционалното производство на кафе и штети на животната средина, особено преку уништување на дождовните шуми. Во Еквадор, домородните лидери соработуваа со „Лаваца“ за производство на првото „кафе без уништување на шумите“, кое се појави на европскиот пазар во септември.

Карбон-негативна облека

Со иницијативата „Equator Prize“, го поддржуваме домородното население Јаванава во Бразил и компанијата „Sheep Inc.“. Тие создадоа прв бренд за карбон-негативна облека, нудејќи модел за промена во модната индустрија и за приближување кон потеклото на облеката, наведува УНДП.

Вештачки гребени за заштита на морскиот живот

Во Индискиот Океан се градат вештачки гребени за враќање на морскиот биодиверзитет, а традиционални решенија се оживуваат во североисточна Индија преку живи коренски мостови. На Галапагос, УНДП работи на заштита на копнениот и морскиот биодиверзитет.

Храна од деминирани подрачја

Украински готвач подготви „највредното јадење во светот“ од зеленчук одгледан на деминирани земјишта. Проектот го истакнува проблемот со минирани подрачја и придонесот на иновациите за деминирање, со позитивни резултати за економијата и глобалната безбедност на храна.

Културата како двигател за промени

На Хаити, улични театарски групи обезбедуваат утеха за деца раселени поради насилство. Во Замбија, театарот и танцот ги поттикнуваат младите да ги развијат своите таленти и да создадат продуктивна иднина.

Заедниците создаваат мир

Мирот е неопходен за развој. Жени од Сомалија водат иницијативи за решавање на спорови и за помирување преку поезија, покажувајќи дека дури и малите чекори можат да водат кон големи позитивни промени.

Back to top button
Close