Доктор од КАРИЛ уапсен под соменение дека го извршил убиството во Охрид

Доктор кој работел на клиниката КАРИЛ во Скопје е уапсен вчера и се сомничи дека го извршил убиството на 76 годишниот К.М. во Охрид, дознава Охрид 1 од свои извори.

Вчера во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г. (53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од кривичниот законик.

 

Инаку Министерството за внатрешни работи експресно го расчисти убиство во Охрид, при што е лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело.

 

Како што информираат од МВР, денеска во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, го привеле Ж.Г. (53), кој се сомничи за кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Во СВР Охрид денеска во 8:24 часот било пријавено дека во семејниот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден 76-годишниот охриѓанец К.М.

На местото на настанот извршен бил увид од јавен обвинител и полициски екипи, додека лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close