Доктори со бугарски владин авион ќе го преземат натепаниот секретар на „Цар Борис“

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид, Христијан Пендиков, кој беше претепан синоќа во Охрид, со авион „Фалкон” на бугарска влада ќе биде пренесен на лекување во Софија, јавуваат бугарските медиуми.

Наредбата ја дал привремениот премиер на Бугарија, а авионот со екипа од Воено-медицинската академија – двајца лекари и медицинска сестра за реанимација бил веќе заминат кон Македонија, пишува МКД.мк.

Back to top button
Close