Доларот зајакна, цените на нафтата паднаа

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 98,80 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 98,27 поени.

Во исто време, цената на еврото се лизна од вчерашните 1,1645 на 1,1585 долари. Американската валута зајакна во однос на јапонската, па курсот на доларот достигна 148,65 јени, додека вчера во ова време изнесуваше 147,35 јени.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барел ослабе утрово за 0,10 проценти, на 67,60 долари, додека на американскиот пазар, цената на барел се намали за 0,11 проценти, на 63,45 долари

Back to top button
Close