Досега се убиени 12 новинари во Украина  

Од почетокот на руската агресија во Украина се убиени 12 новинари, објави украинската државна обвинителка на својата Фејсбук страница.

„Да се ​​зборува вистината за агресијата на Путин е смртоносно – досега се убиени 12 новинари“, рече Ирина Венедиктова. Меѓу нив има американски, ирски и руски новинари

Досега се нападнати најмалку 56 претставници на медиумите, меѓу кои 15 странци.

Нападнатите странски новинари биле од Британија, Чешка, Данска, Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и САД, напиша Венедиктова.

 

 

Back to top button
Close