Др. Барбов за СП-Ива Михајлова не ми кажа дека ја гонат за сообраќајка, а лекувањето во Бугарија беше само опција


Професор доктор Иван Барбов, ЈЗУ УК за неврологија и Ива Михајлова илустрација на „Слободен печат“Професор доктор Иван Барбов, ЈЗУ УК за неврологија и Ива Михајлова илустрација на „Слободен печат“

Ива Михајлова воопшто не ми кажа дека ја гонат за сообраќајка со смртни последици, ниту пак знаев дека против неа ќе се води судска постапка кога дадов предлог да се лекува во Бугарија и тоа само како опција, а не како единствено лекување, тврди во изјава за „Слободен печат“ професор доктор Иван Барбов од Универзитетската клиника за неврологија. Тој додава дека таа повеќе пати доаѓала кај него на преглед во ЈЗУ Клиника за неврологија, каде примала терапиј

 

Според него, Михајлова имала само бугарско здравствено осигурување и овој факт му влијаел да го даде мислењето дека може да се лекува во Бугарија, што не било прифатено од судот. Барбов за „Слободен печат“ рече дека не се чувствува одговорен за тоа што Ива Михајлова избега во Бугарија и додаде дека ЈЗУ Клиника за неврологија никогаш на стручен колегиум не дискутирала на темата да се даде конзилијарно мислење до Комисијата на ФЗОМ која одобрува лекување во странство за Ива Михајлова. Следствено, додаде тој – неговиот предлог не влегол во никаква постапка за издавање на мислење за лекување во странство.

Утринава, според информации што за „Слободен печат“ ги потврди директорот на ЈЗУ Клиника за неврологија асистент доктор Јован Божиновски, Државниот здравствен и санитарен инспекторат бил повикан на Клиниката од негова страна да изврши надзор во лекувањето на Ива Михајлова на клиниката.

-Јас побарав, нема што да криеме. Никогаш не сме имале стручен колегиум на кој сме дале конзилијарно мислење кое би морало да биде испратено до Комисијата на ФЗОМ за лекување во странство. Нас такво барање од Ива Михајлова не ни има стигнато воопшто, рече директорот доктор Божиновски за „Слободен печат“.

повеќе на слободен печат мк

Back to top button
Close