Дриан: Најлошото е пред нас

Ние сме „соочени со ѕид“ и „војната ќе биде долга“, изјави денеска францускиот министер за Европа и за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, за Франс Интер.

, Дриан истакна дека е песимист и оти најлошото е пред нас.

Запрашан за нападот врз воената база Јаворив во близина на Лавов, при што загинаа најмалку 35 луѓе, Дриан оцени: „Никаде во Украина денес не сме безбедни од бомби. Украина е под оган од руските сили“.

Дриан, одговарајќи на прашањето дали е можно да се воведе ембарго за увоз на руски гас и нафта, посочи дека „нема табу“ и оти „сè е на маса“.

Министерот за надворешни работи прецизира дека оваа војна ќе има последици и врз француската економија.

Се наоѓаме во многу тешка ситуација. Мора да ги контролираме енергетските трошоци, наведе шефот на француската дипломатија.

Тој изјави и дека руско-украинските преговори се блокирани од максималистичките барања на Русија.

Back to top button
Close