Дронот носел бомба која експлодирала во Загреб

 


Хрватските власти денеска соопштија дека воениот дрон кој падна во Загреб носел експлозив кој се активирал и експлодирал.

-Беа пронајдени траги од експлозив поради што моравме да го евакуираме студентскиот павиљон во близина и да пристапиме кон ископување. Од досегашните податоци знаеме дека леталото не било извидничко туку носело бомба која експлодирала. Деталите ќе бидат утврдени во истрагата која се одвива, а најдена е и црната кутија од дронот која што треба да помогне, изјави Марио Баножиќ, министер за одбрана на Хрватска.

Дронот е од советско производство, во Хрватска долетал преку Романија и Унгарија, а засега нема информација која страна во војната во Украина ја испалила.

Back to top button
Close