Државен шампионат на Македонија во традиционално карате во кати за сите возрасти

Денеска ќе се одржи 56-от МТКФ Државен шампионат на Македонија во традиционално карате во кати за сите возрасти. На шампионатот се очекува да земат учество над 100 натпреварувачи од 15 карате клубови од Македонија.

Натпреварите ќе се одржат во дисциплината кати за деца, кадети, јуниори, младинци и сениори.

– Овој натпревар ќе биде тест за нашите каратисти кои ќе настапат на ИТКФ Светскиот куп во Вроцлав, Полска на 8 и 9 март, како и на ЕТКФ Европскиот шампионат кој ќе се одржи на 20 и 21 април во Скопје, соопштија од МТКФ.

Back to top button
Close